34% попуст на Рефлексо терапија – масажа на стапала по цена од 990 ден
-34%
1500.00
990.00ден.
Важи до: 04-11-2024
За компанијата:
Ласер Мед
Центар за Физикална и Кинези терапија
-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата
-При посета на ординацијата, со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на понудата
-Работно време: Пон-Петок 10:00-20:00 часот
РЕФЛЕКСОЛОГИЈА е масажа на стапала со цел постигнување благотворно дејство на останатиот дел од телото или подобрување на целокупното здравје на човекот. Рефлексологија е древна вештина на лечење која се темели на делување на рефлексните зони на стапалата и рацете, а која одговара на сите делови на телото, органи и жлезди. Рефлексотерапијата се занимава со нервите т.е со нивните крајни завршетоци на стапалата и рацете, кои одговараат со одредени (соодветни) точки на телото.
Стапалото е еден совршен микроакупунктурен систем во кој топографски се отсликани сите делови на телото и органите. Таа врска се остварува по меридијален пат.
Човечкото тело е поделено на 10 вертикални зони или меридијани кои се распоредени и поминуваат од прстите на стапалото до мозокот и до прстите на раката. Зоните завршуваат на стапалото, така што секој орган има своја точка. Нервните краеви кои завршуваат на стапалата ги пренесуваат информациите по должина на ’рбетната мождина до мозокот и од таму до одделните делови на телото.
Стимулацијата на одделни точки (зони) на стапалото делува на воспоставување нормален енергетски тек, на органите и жлездите. Ефикасно се отстрануваат тегобите, болните состојби и одделни болести кои настанале поради блокирана енергија и премногу токсини во организмот.
Успешно може да се спречат или ублажат разни форми на секојдневните тегоби, како што се: главоболки, изнемоштеност, психо-соматски тегоби, од голема помош е во отстранувањето на стресот и придонесува опуштање и повторно воспоставување на психо-физичка рамнотежа.
Поволен учинок има кај пулмонални заболувања, како и подобрување на функцијата на органите за варење и на перисталтиката на цревата. Исто така ефикасно делува против несоница, екцем и различни алергиски реакции, делува на дисменореа, дерматолошки проблеми, отстранување на болки во грбот и коските.
Општата состојба на организмот многу брзо се подобрува, поради тоа што масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата која го регулира исфрлањето на стресот од организмот (ревитализација на органите).
Рефлексологијата е идеална за луѓе кои работат напорна физичка работа и кои се изложени на стрес на работното место.
Масажа на стапала делува на сите органи во телото и чини „чуда".
Први трагови на примена се пронаоѓаат во Кина, пред 5000 години.