Корисниците и бројките говорат:

За првиот квартал од нашето постоење ...

Почитувани,

                Најпрво ја користиме приликата  најискрено од срце  да се заблагодариме за довербата која  ја укажувате на  порталот  webklinika.mk .  Вие како корисници и партнерите како соработници  допринесувате за креирањето на сликата на оваа заложба, која ќе ја прикажеме со неколку податоци и примери  во подолните редови.


Бројките говорат:

·         1328  купени ваучери-купони

·         924  задоволни купувачи

·         Над  17 000  регистрирани корисници во дата базата

·         Над 60 здравствени установи со кои имаме договор за партнерство и соработка.

·         425  здравствени понуди  постирани на веб страната

·         Просек од  51 здравствена понуда на веб страната секојдневно

Напоменуваме:

Посебно не радува фактот што зборува дека без изклучок, буквално без ниту еден единствен исклучок досега , човечкиот или техничкиот фактор, ниту било кој друг  досега  не придонел за било каков проблем во делувањето.


Корисниците говорат:

                 Христина Ангеловска 35 (архитект) Скопје

                “Навистина добра идеа.  На едно место сите понуди од здравството. Сега веќе немам потреба да пребарувам по многуте портали за групни попусти  кога го имам овој“.

                 Жарко Ризов  40 год (економист) Скопје

                “Ви го поздравувам решението за електронско плаќање. Како некој кој го познава електронското банкарство навистина ретко се сретнува толку -  едноставно и сигурно!“.

                 Надица Поповска  66 год (пензионер) Скопје

                “ Моите години се оние кога здравјето бара поголема грижа. Помладите околу мене, оние најблиските се тука кога треба да ми помогнат.  Но сега знам  каде да им укакажам да го побараат она што ми е потребно.

                 Идризи Дритон  38 год (возач) Струга

                Ви ја поздравувам идеата.  Често престојувам во Скопје и кога имам  потреба секогаш пред да дојдам ги проверувам актуелните услуги (особено медицинските  масажи).

                Биљана Стампиева  28 год (програмер) Скопје

                Ретко кој вебсајт овде кај нас  може да се пофали со ваков дизајн, концепција, функционалност и оптимизираност . Браво!  Со оглед на тоа што реномирана холдинг компанија стои зад него,  воочлив  е професионализмот.


За партнерите:

                Професионалниот однос кон партнерите, беспрекорното почитување на склучените договори, како и навременото реализирање на нашите обврски кон нив, несомнено го покажува растечкиот број на нашите соработници.


                                                                                                                                                                                                                                                                                               Податоците се заклучно 15 февруари 2014 год.

Тимот на  webklinika.mk