Услови на продажба

Услови на продажба

Дон Холдинг дооел Скопје,  е сопственик на www.webklinika.mk и се јавува  како посредник при организирање на промотивни продажби на производи или услуги преку интерактивниот веб-сајт www.webklinika.mk .

Со своите деловни партнери одобрува промотивни попусти на производите или услугите.

Дон Холдинг дооел Скопје, не ги поседува производите или услугите  од промотивните понуди на својата веб страница , ниту пак  може да биде одговорен за неправилност или било каков друг проблем во користењето на услугите или производите кои ги нудат деловните партнери.

Партнерот , како сопственик се согласува договорената услуга или производ да се испорача на најдобар можен начин, со почитување на стандардите за квалитет и www.webklinika.mk како организатор на промотивните продажби, има обврска да го организира истото на највисоко професионално ниво.

За сите недостатоци на услугата или производот  единствено е одговорен партнерот на www.webklinika.mk.

Сопственик и издавач на ваучерот е партнерот . Ваучерите служат како доказ за купување на  одредени услуги или производи. По успешното купување  на одредена промотивната продажба на производ или услуга, ваучерите се издаваат на клиентите .

Ваучерите треба да  содржат: Единствен број , тип или модел на производот или услугата, и периодот на користење на ваучерот, а ако е неопходно, и други податоци . Сите ваучери издадени на клиентите од   www.webklinika.mk се  предмет на условите на продажба на www.webklinika.mk, како и на условите на продажба на  партнери кои учествуваат во  промотивните продажби .

Со купување на  промотивната понуда,  таа станува важечка само ако продажбата е успешна.  Во случај   продажбата да не  успее,  од вашата картичка нема да бидат одземени средства, и тогаш продажбата е неуспешна. Доколку се случат одредени технички проблеми, сумите платени преку интернет банкарството ќе бидат вратени во целост. За купување на услуги или производи што ги нудиме, ќе се бара да сте регистрирани на системот на www.webklinika.mk. Тоа е со цел за Ваш подобар преглед при користењето на www.webklinika.mk

Одредби и услови за употреба ваучер:

• Ваучерот се  однесува само на услуга која ја продаваат партнерите на www.webklinika.mk

• Само еден ваучер може да се користи за одредена услуга или производ,

• Ниту www.webklinika.mk , ниту  партнерот  не се одговорни за евентуално изгубените или украдените  ваучери.

• Секое користење на ваучерот , што не е во согласност со термините и условите на користење ќе бидат откажано,

• Ваучерите неможат да бидат копирани или да се продаваат  

• Ваучерот  е со важност до датумот на важност  и неговата важност неможе да се продолжи.

Заштита на личните податоци

Дон Холдинг Дооел со седиште во Скопје (во натамошниот текст www.webklinika.mk) е ​​посветена на заштитата на личните податоци на клиентите на тој начин што ги собира само најнеопходните, основни информации за клиентот, за да можеме да ги исполниме најосновните обрски.  Регистрираниот корисник е согласен на користење  на податоците за маркетиншки кампањи , се додека не се изјасни против тоа.  Сите вработени во www.webklinika.mk и деловните партнери се одговорни за почитување на политиката на сигурност.  www.webklinika.mk служи како електронскио продажно место и  неможе да превземе одговорност за било каква штета која не произлегува од техничко-сигурносна природа. Со користењето на www.webklinika.mk ,  потврдувате дека сте целосно свесни и согласни за и да ги прифатите  наведените услови.

ИЗЈАВА ЗА СИГУРНОСТ

www.webklinika.mk се обврзува да ги применува максималните безбедносни мерки за заштита на интересите на потрошувачите и да се спречи евентуална злоупотреба на информации. Трансакциите на кредитните или дебитните картички се заштитени со SSL енкрипција, која во светот се смета за најбезбеден начин при спроведување на  online финансиските трансакции.