ЕНДОНОРМ - ново средство за лекување на болестите на тироидната жлезда по цена од 4 400 ден / 90 капсули

-20%

 
Цена
5500.00 
 4,400.00ден.
Кол:  

Важи до: 16-12-2018

За компанијата:

Пантер Факс Олек ДООЕЛ

Специјалност: Веледрогерија 

Напомена:

-При подигање на производот потребно е да се приложи купонот
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

Распространетост на болестите на тироидната жлезда

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од ендокрините заболувања, болестите на тироидната жлезда заземаат второ место после дијабетесот. Повеќе од 665 милиони луѓе ширум светот  боледуваат од еутироидна струма (гушавост), или некое друго заболување на тироидната жлезда. 1, 5 милијарди луѓе се соочуваат со ризикот од јододефицитарни  болести. Согласно статистичките податоци, бројот на новозаболени од болестите на тироидната жлезда се зголемува за 5% на годишно ниво.Во Русија, заболени од тироидни болести има над 20 милиони луѓе.  Така, според статистричките податоци, секој втор граѓанин на Москва боледува од некоја болест на тироидната жлезда. Во некои делови од Русија бројот на заболени достигнува дури до 95%.! Причините за оваа алармантна состојба се : недостаток на јод, неповолни услови во животната средина, стрес и генетски пореметувања.

Во Македонија бројот на заболени лица во просек се движи од 28 000 до 30 000.

Средства и методи на лечење на болестите на тироидната жлезда-Постојат неколку основни начини на лекување на тироидните болести ; хормонска терапија, примена на антитироидни средства (тиреостатици), хирушки зафат (тироидектомија) и примена на радиоактивен јод.

Сите овие методи на лекување на тироидната жлезда се пропратени со бројни и значајни контраиндикации и недостатоци. Така на пример хормонската терапија подразбира доживотна употреба на тироидни хормони, што доведува да на крај тироидната жлезда престане да функционира, правејќи ги пациентите “доживотни зависници” од фармацевтските компании. Покрај ова, примената на тироидни хормони е проследена со низа на контраиндикации и несакани споредни ефекти, како тахикардија, пореметувања во срцевиот ритам, алергиски реакции, нервна вознемиреност, несоница и др.

Целта за примена на антитироидните средства е делумно или потполно стопирање на функцијата на сопствената тироидна жлезда, а потоа пациентот преминува на хормонска терапија. Несакани ефекти на  тиреостатиците се : пореметување на хематопетичната функција, мачнина , повраќање, абнормална функција на црниот дроб, алергиски реакции и др.

Хирушкото лекување на тироидните болести често пати е пропратено со компликации, кои кај 10% од случаите резултираат со инвалидитет. Други позначајни недостатоци на хирушкото отстранување на тироидната жлезда се потребата од доживотна примена на хормони и висок процент на оштетување на паратироидните жлезди за време на хирушкиот зафат.

Современата медицина не е во состојба да им понуди алтернатива на пациентите со болести на тироидната жлезда и ги игнорира маните на постоечките стандарди и шеми на лекување.

ЕНДОНОРМ - ново средство за лекување на болестите на тироидната жлезда

До скоро не постоеше лек кој освен способноста да ги елиминира симптомите на болеста , може да ја поврати првобитната функција на тироидната жлезда, како и нејзината нормална еутироидна состојба. Развојот на препаратот вклучува неколку етапи :

  • проучување на материјали и информации за лекување на болестите на тироидната жлезда
  • скрининг на флората во Русија и соседните земји со цел потрага по растенија кои поседуваат тиреотропна активност
  • скрининг и опсервација на најатрактивните растенија
  • создавање и развој на сопствени суровини
  • развој и организација на производство на тиреотропен препарат

Во текот на истражувањето кое го спровеле стручњаци од компанијата Фитопанацеа, дојдено е до откритие кое припаѓа на класата на светски иновации.  Во 2005 година научниците од оваа компанија пронашле ново, дотогаш неистражено хемиско соединение – АЛБИНИН, кое поседува тиреотропна и гонадотропна активност. Подоцна спрoведено е детално хемиско и фармаколошко испитување на ова соединение, со што се разјаснети механизмите на делување во организмот.

Врз основа на овој труд креиран е оригинален биолошки препарат ЕНДОНОРМ, кој досега нема замена на пазарот. Се работи за тиреотропен и гонадотропен препарат од новата генерација со максимално терапевтско дејство.

ЕНДОНОРМ е потполно природен, 100% од растително потекло. Главна активна состојка на ЕНДОНОРМ е супстанцата Албинин, која се изолира од екстрактот добиен од коренот на растението бел петопрст (Potentilla alba L.), кое е впишано во Црвената книга (книга на ретки и загрозени видови на растенија) на Московскиот, Смоленскиот, Рјазанскиот, Липецкиот и други региони на Русија. Белиот петопрст е добро познат во народната медицина во Русија и европските земји. Препарати од Бел петопрст се препорачуваат кај различни болести, вклучително и оние на тироидната жлезда:

  • хипотиреоза (хипофункција)
  • хипертиреоза (хиперфункција, тиреотоксикоза, Базедова болест)
  • хроничен тиреоидитис (Хашимото тиреоидитис, акутен и субакутен тиреоидитис)
  • еутироидна струма (дифузна или чвораста)
  • тироидна хиперплазија

Научниците од Фитопанацеа развиле агротехнологија на одгледување на Бел петопрст преку употреба на органски ѓубрива, без примена на било каков пестицид, што овозможило да се развие масовно производство и преработка на оваа лековита билка.

Производството на препаратот ЕНДОНОРМ се изведува со помош на патентирана, оригинална и уникатна технологија која овозможува одличен квалитет.

 

Опис на тиреотропниот препарат ЕНДОНОРМ

Препаратот ЕНДОНОРМ е мешавина од суви растителни екстракти ( од Бел петопрст, двозаб, сладок корен) и прав добиен од кафена (шеќерна ) алга Laminaria. Главна активна компонента на препаратот е супстанцата Албинин , која потекнува од екстрактот на Бел петопрст, додека другите компоненти во склоп на препаратот  го зајакнуваат и модулираат дејството на оваа супстанца.

Секоја од компонентите, благодарение на взаемното делување допринесува во лекувањето на болести на тироидната жлезда и женскиот репродуктивен систем.

Според истражувањата спроведени од компанијата Фитопанацеа, Албининот кој влегува во состав на белиот петопрст, има влијание врз производството на тиреотропниот хормон  од предниот резен на хипофизата и на тој начин допринесува за нормализирање на морфолошката структура на тироидното ткиво, како и враќање на нормалната функционална состојба на жлездата.

Глициризинската киселина во состав на слаткиот корен (Glycyrrhiza glabra L.) ја нормализира работата на надбубрежните жлезди, имунолошкиот и репродуктивниот систем, го враќа хормоналниот баланс во организмот.

Иридоидите и фенилпропаноидите кои ги има во состав на двозаб ( Bidens tripartite L.) покажуваат имуномодулаторна активност, овозможувајќи да се постигне максимален терапевтски ефект во случај на дифузна струма и хроничен тиреоидитис.

Шеќерната, кафена алга (laminaria saccharina L.) содржи јод, макро и микроелементи кои ги нормализираат биохемиските процеси во ткивата на тироидната жлезда.

Биле спроведени клинички испитувања за Ендонорм, со кои бил утврден составот, дозата и шемата на третман. Притоа била докажана ефикасноста на овој препарат кај широк спектар на заболувања на тироидната жлезда. Резултатите од овие истражувања се заштитени со два патенти на Руската Федерација.

Секое пакување на Ендонорм содржи 60 капсули со следниот состав:

Сув екстракт од корен на бел петопрст (Potentilla alba)- -------------200mg

Сув екстракт од херба на двозаб (Bidens tripartite)---------------------80mg

Сув екстракт од корен на растението сладок корен (Glycyrhiza glabra)-50mg

Лиофилизиран прав од кафеава алга – ламинарија (Laminarija saccharina)-70 mg

 

Главни карактеристики на препаратот Ендонорм

  • Ендонорм е нехормонски, 100% природен препарат од растително потекло
  • Благодарение на богатиот хемиски состав покажува широк спектар на терапевтска активност (тиреотропна и гонадотропна)
  • Ја обновува функцијата на тиридната жлезда (жлездата започнува да произведува нормална количина на тироидни хормони потребни за адекватно функцинирање на организмот)
  • Ендонорм ја обновува морфолошката структура на тироидната жлезда (структурна обнова и отстранување на чворови)
  • НЕ Е ПОТРЕБНА ДОЖИВОТНА УПОТРЕБА После успешно завршување на сите циклуси од третманот, тироидната жлезда веќе самата е способна да ја произведува неопходната количина на тироидни хормони  (нема потреба од понатамошна примена на препаратот)
  • Безбеден и сигурен за употреба- не покажува некои значајни несакани ефекти и нус појави
  • Способен е за корекција на функционалната активност на жлездата – хипо и хипертиреоза
  • Ефикасен е кај болести кои претходно не реагирале на медицинските и конзервативните методи на лекување (хроничен тиреоидитис, дифузна или чвораста струма)
  • Вообичено клиничката слика на заболувањата се подобрува уште после првиот циклус од лекувањето
  • Оптималната доза на ЕНДОНОРМ се поставува согласно дијагнозата, состојбата на тироидната жлезда и времетраењето на болеста

Порано пациентите до дијагноза на одредено заболување на тироидната жлезда биле принудени на доживотно користење на хормонски лекови или хирушки зафати, а сега за сето ова постои реална алтернатива – ЕНДОНОРМ

Ендонорм – нов, нехормонски препарат за обновување на функцијата на тироидната жлезда

                                ENDONORM

Упатство за употреба, механизам на делување и дозирање

Состав и облик Тврди желатински капсули од 400 мг, спакувани во шише од полимерен материјал. Достапни пакувања од 60  капсули.

Една капсула Ендонорм содржи:

Сув екстракт од корен на бел петопрст (Potentilla alba)- -------------200mg

Сув екстракт од херба на двозаб (Bidens tripartite)---------------------80mg

Сув екстракт од корен на растението сладок корен (Glycyrhiza glabra)-50mg

Лиофилизиран прав од кафеава алга – ламинарија (Laminarija saccharina)-70 mg

Терапевтска група

Тиреотропно и гонадотропно средство од растително потекло.

Начин на употреба и дозирање : Препаратот треба да се зема 10 минути пред јадење.

Се препорачува примена кај

Возрасни

Деца постари од 12 години

Минимално времетраење на циклус /Меѓупериод

Хипотиреоза, чвораст облик на струма, автоимун тиреодитис

 

 

1 капсула X3 пати дневно

 

 

1 капсула x 2 пати дневно

 

2 месеци/7 дена

Климактеричен синдром , комплексни хиперпластични болести на женскиот репродуктивен систем(мастопатија,ендометриоза, хиперплазија на ендометриумот), комплексно лекување на метаболен синдром

 

 

3 месеци/7 дена

 

Хипертиреоза(хиперфункција, тиреотоксикоза), Грејвсова болест, ДТЗ  

                     Од 1 do 20 дена

 

2 капсули x 3 пати дневно

2 капсули  x 2пати дневно

 

 

3 месеци/5 дена

                      До крај на циклусот

1 капсула x 3 пати дневно

1 капсула x 1 пат дневно

Профилакса на болести на тироидната жлезда.

1 капсула x 2 пати дневно

1 капсула x 1 пат дневно

1 месец/6 месеци

 

Механизам на дејство

Широкиот спектар на фармаколошки ефекти на овој препарат е последица на севкупното делување на биолошко активните супстанции, кои влегуваат во неговиот состав. Албинин, тритерпенски гликозиди и фенолни соединенија од бел петопрст (Potentilla alba), иридоиди и фенилпропаноиди од корен на двозаб (Bidens triparita), глициризинска киселина од сладок корен (Glycyrrhiza glabra).

Профилакса на болести на тироидната жлезда и комплексен третман на метаболен синдром:

  • Терапевтскиот ефект се постигнува преку обновување на функцијата на тироидната жлезда и зголемување на интензитетот на процесите на размена на материи во ткивата.

Хипотиреоза (1 капсула, 3 пати дневно)

  • Употребата на овој препарат ја зголемува функционалната активност на тироидната жлезда преку активација на пролиферативните процеси во фоликуларните делови и зголемување на брзината на процесите на синтеза на тироидни хормони.

Хипертиреоза и тиреотоксикоза (2 капсули, 3 пати дневно)

  • Употребата на Ендонорм ја намалува функционалната активност на тироидната жчезда во корист на прекин на секрецијата на тироидни хормони во тиреоцитите и сузбивање на периферната конверзија Т4/Т3

Автоимун тиреоидитис и ендемична , еутироидна (дифузна, чвораста, повеќечвореста струма(гушавост)

  • Терапевтскиот ефект индиректно се постигнува преку намалување на функционалното преоптоварување на тироидната жлезда, како и промена на нејзината хуморална регулација.

Климактеричен синдром

  • Терапевтскиот ефект се постигнува благодарение на нормализацијата на нивото на гонадотропни хормони (индиректно влијание на хипоталамус-хипофизниот систем) и зголемување на функционалната активност на кората на надбубрежната жлезда.

Комплексна употреба при хиперпластични заболувања на женскиот репродуктивен систем (мастопатија, ендометриоза, хиперплазија на ендометриумот)

-Терапевтскиот ефект се постигнува благодарение на противвоспалителното дејство и гонадотропната активност на препаратот.

 

                    ENDONORM  -  делува на причината, а не на симптомите на болеста

Посебни препораки

За да се постигне максимален терапевтски ефект неопходно е употребата на Ендонорм да се усклади со посебен режим на исхрана. Потребно е да се ограничи или целосно да се исклучи консумирање на производи, кои содржат супстанции што ја нарушуваат нормалната функција на тироидната жлезда. Такви производи се : зелка, прокељ, карфиол, брокула, репка, ротква, просо. Се препорачува секојдневна употреба на намирници, кои се богати со селен, цинк и витамин Ц, или земање на витаминско-минерални додатоци во исхраната.

Намирници богати со селен

Морска риба (харинга, ослич, бакалар и др), ракови, шкампи, кокос, лук, пивски квасец.

Намирници богати со цинк

Црвено месо, џигер, срце, кокошкини јајца, семки од тиква, овесни снегулки, легуминозни растенија (грав, грашок, кикиритки)

Намирници богати со витамин Ц

Свежо цедени сокови, плодови од шипка, блага црвена пиперка, рибизла

Контраиндикации

Индивидуална неподносливост на компонентите во состав на препаратот, акутни воспаленија на органите за варење. Поради недостаток на клинички податоци за безбедност , не е дозволена употребата на Ендонорм кај бремени жени, доилки и деца помали од 12 години.

Несакни ефекти

Можна појава на дијареа

Предозирање

До сега не се пријавени случаи на предозирање со овој препарат

 

Интеракции со други лекови

Заедничката употреба на Ендонорм со тироидни суплементи и тиреостатици е дозволена само под надзор на лекар, поради можни нарашувања на фармаколошкиот ефект на препаратите.

Начин на чување и рок на употреба

Препаратот треба да се чува добро затворен во оригиналното пакување на температура до 25 степени, на суво место, заштитено од свтлина, вон дофат на деца.

Рокот на употреба е 24 месеци од датумот на производство (наведен на пакувањето).

Услови на издавање на препаратот Ендонорм во аптеките

Препаратот се издава без лекарски рецепт