Поленов чај за пациенти со бенигна хиперплазија на простата, мажи со заболувања на урогениталниот тракт,жени со гинеколошки воспаленија и третман на простатитис.

-20%

 
Цена
2800.00 
 2,240.00ден.
Кол:  

Важи до: 22-07-2018

Пантер Факс Олек ДООЕЛ

Специјалност: Веледрогерија 

При подигање на производот потребно е да се приложи купонот
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

Поленов чај

Квалитетен и квантитативен состав на активните супстанции во фармацевтската дозирана форма на производот (деклариран состав од производителот):

·        Portulaca Oleracea                            38%

·        Taraxacum Officinale                         27%

·        Epilobiom sp.                                     25% 

·        Pollen                                              8,50%

·        Camellia Sinensis                             1,50%

 

Дејство и употреба

Третман на заболувања на простата

Поленовиот чај има неверојатен, прецизен и долготраен ефект во третманот на простатитис и бенигна хиперплазија на простата. После 3-10 дена од третманот се забележува значително подобрување, после консумирањето на една кутија, најголем дел од симптомите на простатитисот (често, испрекинато, непожелно ноќно мокрење) исчезнуваат.После еден циклус се постигнува базично излекување, а после 3 циклуси стапката на излекување достигнува до 95% ( примената на 3 кутии од чајот сочинува еден циклус на третман). Кај пациенти со простатитис, поленовиот чај ја зголемува пермеабилноста на простатната капсула со што активните компоненти хотонија, cernilton, teraksasterol (природни антибиотици) навлегуваат во жлездата и ги убиваат патогените микроорганизми-причинители на инфекцијата, ја елиминираат хиперемијата и ја воспоставуваат нормалната циркулација и крвоснабдување на жлездата.

Кај пациенти со хиперплазија на простата поленовиот чај (состојката Cernilton) ja ограничува активноста на 5 α редуктазата, а со тоа доведува до намалување на нивото на 5 α- дихидротестостерон, кој е еден од главните причинители на хиперплазијата. Согласно спроведените студии, поленовиот чај ја зголемува концентрацијата на цинковите јони во простатата, ја регулира pH на простатната течност, го зголемува нивото на супероксид дисмутазата (антиоксидантно дејство) и ја зајакнува фагоцитната моќ на ретикулоендотелните клетки.

Поленовиот чај, исто така го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата и има позитивни ефекти во случај на холецистит и гинеколошки заболувања.

Целна група која би имала најголема корист од земањето на поленовиот чај се пациенти со бенигна хиперплазија на простата, мажи со заболувања на урогениталниот тракт и жени со гинеколошки воспаленија.

Напомена За време на употребата на овој чај не треба да се користат лекови за простата како што е тамсулозинот. За време на третманот треба да се практикува одмор и конзумирање на помалку зачинета храна, избегнување на цигари и алкохол, зошто во спротивно може значајно да се намали ефектот на чајот. Овој производ не смеат да го користат бремени жени.

Дозирање Потребно е да се пие околу 450 мл чај, двапати дневно (обично наутро и навечер). Ако се користат одредени лекови, чајот треба да се пие најмалку еден час пред или после земањето на лекот за да се намали ризикот од несакани интеракции.

Чување  Се чува спакуван, на суво, ладно и темно место.

Пакување  Ќесичка од 2,5 г /  100 ќесички во кутија.