30% ПОПУСТ на Комплетен специјалистички преглед и брис на бемки во ординацијата на Д-р Крсте Митаноски.

-30%

 
Цена
1500.00 
 1,050.00ден.
Кол:  

Важи до: 21-10-2018

За компанијата:

ПЗУ Д-р К.Митаноски

Специјалност: Општа, пластична и реконструктивна хирургија

 

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата.
-Работно време: Понеделник – Петок од 08h до 20h, Сабота од 08h до 13h
-При посета на ординацијата, со себе не мора да го носите ваучерот, само единствениот број на продажба впишан на него.
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

КОМПЛЕТЕН СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД И БРИС НА БЕМКИ (невуси)

Бенките се најчести израстоци кај луѓето и не постои човек што ги нема.За среќа, повеќето од нив се наоѓаат на откриените делови на телото и се достапни за самопреглед и нивно следење по АБЦД правилото, како и за рано дијагностицирање и забележување на извесни промени.

Може да бидат присутни со самото раѓање или да се стекнат / појават за време на животот. Создадени се од меланоцити, клетки во кожата кои произведуваат темен пигмент- меланин. Зголемена појава на бенки има за време на раното детството, врв достигнуваат во адолесценцијата, а опаѓа со возраста. Бенките се менуваат и за време на детството и бременоста.

Може да се појават секаде на телото, со различна големина и облик. Како што расте телото, растат и бенките. На почеткот се заравнети кафени точки кои подоцна се зголемуваат, задебелуваат и може да имаат влакна. Иако повеќето промени на бенките не се опасни, добро е да се советувате со кожен лекар, особено ако сте загрижени околу некоја промена која сте ја забележале.

 Некои видови на бенки во себе го носат ризикот да преминат во меланом, сериозен рак на кожата. Изгорениците на кожата од сонце во раното детство го зголемува ризикот за малигна промена. 

ЧЕСТИ КОНТРОЛИ

Пожелни се чести контроли на бенките. Бенките што често се иритираат со прерамки, ремени, долна облека, на дланките и на табаните имаат поголем ризик за малигна трансформација. Честа траума на бенката не е посакувана.

Погрешно е верувањето дека вадење на меланоцитна бенка може да предизвика расејување на меланоцитни клетки и нивна малигна промена. Кај лицата што не ги контролираат своите бенки, особено ако имаат една или повеќе диспластични бенки, не може навреме да биде поставена дијагноза.

Промените на бенките што се видливи со дерматоскоп се незабележани, се додека не станат очигледни и, како такви, лесно крвават при најмала повреда. Затоа се препорачуваат чести дерматоскопски контроли.

Најважни знаци за малигна промена на бенките се изразени по правилото АБЦДЕ според англиската номенклатура:

А – асиметрија на обликот или растење само во еден дел

Б – бордер или неостра граница

Ц – колор или промена на бојата

Д – дијаметар или зголемување

Е – елевација или издигање

Овие критериуми се базични, не се освршени, но помагаат во откривање бенки што може да се трансформираат во меланом. Освен овие знаци, важни се и знаците на воспаление, ерозии-ранички, крвавења, чешање или болка.

Ако нема некои од спомнатите промени, со клинички преглед се отфрла можност за постоење на малиген меланом. Во превенцијата е важна едукацијата за самопрегледи, особено на лица со синдром на диспластични бенки.

Дијагнозата на меланом е сложена и е голем предизвик дури и за најголемите стручњаци. Во раната фаза на откривање на меланом, кога е со дебелина околу 0.75 мм, има речиси 100% можност за преживување.

Водете грижа за вашето здравје, за секоја промена која ја забележувате обавезно консултирајте се со Доктор Специјалист,  со цел на време да се спречи ризикот од рак на кожа.