67% ПОПУСТ на холисичка релакс масажа на целото тело во времетраење од 50-60 минути со редовна цена од 1200 денари за само 400 денари.

-67%

 
Цена
1200.00 
 400.00ден.
Кол:  

Важи до: 29-04-2018

За компанијата:

Алтернатива
Студио за масажа



 

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата
-При посета на ординацијата, со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на понудата
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344
Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

ХОЛИСТИЧКА РЕЛАКС МАСАЖА


Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички. Со холистичкиот  и индивидуален пристап, масажата кај нас ви  овозможува длабока и целосна релаксација, телото целосно се опушта, заборава на секојдневните стресови, а поволно влијае и на депресијата и анксиозноста, што ја прави да биде уште поценета.

Релаксирачката масажа е благопријатна за кожата, но истовремено влијае и на внатрешните органи. Бидејќи за масажата употребуваме масла со висок квалитет, ефектот на кожата е исто така и козметичен. Употребуваме растителни масла збогатени со етерични масла, во зависност од потребите и проблемите на клиентите. Вредноста на масажата ја зголемува употребата на соодветни мануелни техники, кои се индивидуално насочени кон личните потреби на клиентите, пред се според холистичкиот пристап.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:

ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,

ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,

ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,

го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем, а со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и за подобрување на имунитетот. Телото се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Кај странките кои доаѓаат со најразлични проблеми, многупати масажата ја комбинираме со ароматерапија, топли вулкански камења, глина, ghee (ги), различни гелови од билно потекло и сл., што особено влијае на ублажување на тегобите.

Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот.

Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално. Масажата кај нас е масажа која предизвикува пријатно чувство и го подобрува здравјето. Редовна употреба на масажата им користи на сите возрасти, од малите деца до повозрасните лица.