66% ПОПУСТ Индивидуална Психо-Терапевтска сеанса, Решение за вашите проблеми, во времетраење од 90 минути.

-66%

 
Цена
1500.00 
 500.00ден.
Кол:  

Важи до: 21-03-2024

За компанијата:



Интернационален Гешталт Институт на Македонија
Гешталд Институт за Психо-Терапија
 

Напомена:




-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на сеансата по купување на услугата
-При посета, со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на понудата

-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

ИНДИВИДУАЛНА ПСИХО-ТЕРАПЕВТСКА СЕАНСА ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 90 минути.

 

Постои етички кодекс на однесување врз кој се заоснова советодавно психотераписката сеанса и тој гарантира:

·         Строга дискреција

·         Свесност и совесност во работата

·         Постојаност во односот клиент-психотерапевт

·         Стручност

·         Почитување на границите

Сеансите ги изведува писхолог - психотерапевт/ гешталт терапевт Јове Хаџиевски

Индивидуална советодавно/психотераписка сенаса

Советувањето и психотерапијата се заосноваат врз взаемна доверба и соработка помеѓу клиентот и психотерапевтот, со цел клиентот да стекне свесност, одговорност и способност за успешно разрешување на сопствените проблеми од психолошка природа и да ги развие капацитетите кои што ги поседува, а не е свесен за истите, бидејќи ги потиснал/блокирал под влијание на разни внатрешни и/ или надворешни причини.

Што добивате со психотерапијата?

• Подигнување, продлабочување и пороширување на своите нивоа на свесност, што ќе ви овозможи поквалитетен живот во сите сфери на вашето живеење (интелектуално, емоционално, духовно и физички)

• Стекнување на поголема самодоверба и верба во своите најблиски и во другите

• Свесност за своите мисли, чувства, зборови и дела и внесување на позитивни промени кои што ќе придонесат за синхронизација и хармонизација во истите

• Развивање на чувството за личен идентитет

• Зголемување на способноста за одговорно реализирање на своите желби и потреби

• Развивање на чувство за меѓусебна поврзаност и соработка со најблиските

• Свесност за воспоставување на длабоки емоционални/ интимни односи со својот брачен партнер/ ка

• Развивање на способност за помагање на себеси, на своите блиски и на другите

• Свесност за тоа како да ги изразувате своите емоции на здрав и конструктивен начин

• Откривање и развивање на љубовта и мудроста кои се кријат во вашето срце

• Свесност за полесно справување со стресовите, проблемите и конфликтите со кои секојдневно се среќавате

• Зголемување на одговорноста кон самите себе и кон другите

• Разивање на способност за полесно донесување на исправни одлуки, како на личен така и на прифесионален план

• Способност за свесно планирање и реализација на одредени промени во својот живот

• Спремност за учење на нови квалитетни социјални вештини

• Развивање на свесност за тоа како да бидете грижливи, нежни, отворени и искрени

• и др.

Советувањето и психотерапијата ќе ви помогнат да ги разрешите следниве проблеми:

• Различни видови на стравови, панични напади, како и други негативни мисли и чувства (гнев, бес, лутина, агресија, огорченост, незадоволство)

• Депресија

• Сте изгубиле некого, тажни сте и не можете да се справите со својата тага

• Чувство на осаменост

• Комплекси на пониска вредност

• Чувство на беспомошност, недостаток на волја и мотивација

• Лоша или слаба концентрација

Психосоматски пореметувања - пореметувања кои се од психолошка природа и немат органска подлога, како што се:

·         - чувство на притисок во градниот кош,

·         - плитко дишење,

·         - недостаток на воздух,

·         - чувство на гушење,

·         - психогено кашлање,

·         - психогено повраќање,

·         - немирен стомак ,

·         - ’’прескокнување на срцето“,

·         - чувство на тежина и топлина во пределот на срцето,

·         - главоболка,

·         - вртоглавица,

·         - немате стабилна рамнотежа,

·         - мускулна слабост,

·         - ненедејано појавување на ладни и топли бранови низ вашето тело,

·         - црвенило на лицето и вратот,

·         - зголемено потење и отежнат говор,

·         - тресење на целото тело,

·         - мускулна слабост во пределот на рацете и нозете,

·         - напнатост во тилот, вратот, рамениот појас,

·         - хроничен умор,

·         - проблеми со спиењето и др.

• Престанавте да се радувате и да се смеете

• Размислувате лошо за себеси и имате лоши доживувања

• Имате интензивна трема на јавни настапи во различни ситуации

• Не знаете како да комуницирате со спротивниот пол, срамежливи сте, исплашени, вознемирени во пристапувањето, запознавањето со дечко/ девојка, не знаете како да изразите љубов

• Имате проблеми во школо, имате застојни кризи во учењето, со колегите од класот, наставниците, професорите

• Нарушена е хармонијата во вашите фамилијарни односи, имате конфликти со брачниот партнер, децата, родителите и другите блиски

• Имате проблеми во љубовниот и сексуалниот живот

• Се наоѓате во бракоразводна криза или сте разведени, имате потешкоти во комуникација со вашите деца, лоша родителска соработка со поранешниот партнер

• Вашето дете има ноќно мокрење, кошмрани соништа, мачнини, проблеми со исхраната и др.

• Имате проблеми во комуникацијата со колегите, шефот, директорот, чувствувате криза во прфесионалниот развој

• Чувствувате дека губите контрола врз сопствениот живот

• Имате доживување дека луѓето не ве разбираат или вие не ги разбирате нив и имате проблеми во препознавањето и изразувањето на вашите емоции

• Имате чувство дека надворешниот свет се изменил на некој начин или дека вие сте се измениле на некој начин, па имате потешкотии со адаптирањето

• Изложени сте на стрес и сакате да го намалите неговото влијаније врз вашиот организам, сакате да научите како да го неутрализирате

• Имате проблеми со исхраната и телесната тежина (анорексија или булимија)

• Сте професионален спортист и сакате побрзо да напредувате во спортот

• Немате психички потешкотии, а сакате подобро да се запознате самите себе си и другите, да го подобрите квалитетот на сопствениот живот, да ја развиете својата автентичност, спонтаност и креативност

• Сакате во потполност да ги развиете своите капацитети - интелектуални, емоционални, спиритуални/ духовни и физички

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ГЕШТАЛТ ИНСТИТУТ НА МАКЕДОНИЈА

·         Web: http://www.igimacedonia.co.nr/

·         Facebook: Интернационален Гешталт Институт на Македонија