50% попуст на компјутерски преглед на стопало, во вредност од 850 денари, по цена на попуст од 425 денари.
-50%
850.00
425.00ден.
Важи до: 12-11-2024
ПЗУ Оскар – лек подологија
Специјалност: Подологија – Хироподија, ортопедски влошки
- Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
- Задолжително е претходно закажување
- Работно време: Понеделник – Сабота 13h – 20h
- При посета на ординацијата со себе не мора да го носите ваучерот, само единствениот број на продажба впишан на него.
- Дополнителни информации побарајте на +389 78/291-127 и +389 (0) 2 2044 344
ПЗУ ОСКАР ЛЕК – Подологија – Хироподија постои веќе 17 години и на своите пациенти им нуди 3D комјутерска анализа на стапалата и изработка на индивидуално дизајнирани ортопедски влошки. Само овде можете да ја најдете комплетната програма на Gehwol медицинската козметика за нега на нозете и стапалата.
Стапалото е најсложениот систем на коски, зглобови и мускули во нашето тело. Тоа ја дава потпората на целото тело и учествува во распределбата на динамичките сили настанати во процесот на одење, како и на статичките во процесот на стоење. Благодарение на својата специфична градба и анатомија, во нормални услови, стапалото може да се спротивстави на многубројните секојдневни оптеретувања.
Стабилноста на стапалата ја овозможуваат три потпорни точки, една на петата и две на предниот дел од стапалото – под палецот и под малиот прст. Тие три потпорни точки заедно со коските, мускулите и лигаментите ги формираат надолжните и напречните сводови на стапалата. Сводовите со својата сила и контракција ги одржуваат и подржуваат мускулите на стапалата и подколениците. Во нормални услови, кога силите на оптоварување на стапалата и силата на мускулатурата се урамнотежени, обликот на стапалото не се менува и не се јавуваат тегоби.
Кај децата во текот на растот, честопати поради нарушување на таа рамнотежа доаѓа до спуштање на сводовите на стапалата, пред се на надолжните или народски кажано, доаѓа до спуштено или ДУСТАБАН стапало.
Кај возрасните пак, поради несоодветните обувки, професијата или неправилниот начин на живот, најчесто доаѓа до спуштање на напречните сводови. Појавата на болка во предниот дел на табаните, наречена МЕТАТАРЗАЛГИЈА, е еден од најчестите симптоми на спуштен преден напречен свод. Во почетокот се јавува болка, а подоцна отоци и болни задебелувања на кожата на табаните на предниот дел од стапалото.
Како да се лекуваат, односно како да се спречи појавата на тегоби?
Прв чекор кон соодветен третман е правилен подолошки преглед и правилно поставена дијагноза. Понатаму, се изработуваат соодветни ортопедски влошки коишто кај децата вршат корекција, а кај возрасните ги олеснуваат тегобите до нивно исчезнување. Посебен осврт се дава на спортистите, чиишто стапала трпат постојан напор и затоа, во зависност од спортот, се изработуваат и специјални спортски ортопедски влошки.
Локација: