40% ПОПУСТ Туи-на Кинеска медицинска терапија во студио за масажа, мануелна терапија и едукација Алтернатива.

-40%

 
Цена
1500.00 
 600.00ден.
Кол:  

Важи до: 24-09-2018

За компанијата:

Алтернатива
Студио за масажа



 

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата
-При посета на ординацијата, со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на понудата
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344
Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет.

Добрата масажа и мануелна терапија не остануваат на површината, не ги изразуваат своите ефекти само на кожата – тие продираат многу подлабоко, изразуваат ефекти и на мускулите, сврзното ткиво, коските, зглобовите, нервниот систем, но и на внатрешните органи. Тоа е природен начин, дар од природата, со кој можеме да си помогнеме.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме:

  • Класична - шведска масажа
  • Релакс - релаксирачки масажи
  • Туи-на кинеска масажа
  • Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките
  • Хавајска масажа - ломи ломи
  • Хавајска масажа со топли камења
  • Масажа со топли вулкански камења
  • Таласомасажа
  • Таи- масажа
  • Бовнова терапија
  • Kineziotaping

Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои:

  • Сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА
  • Сакаат да се научат на ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
  • Веќе се занимаваат со масажи, но сакаат да се надградат и прошират во својот профил
  • Планираат професионално да се занимаваат со масажа, во најразлични салони, установи, домови, wellnes и spa центри

Туи-на терапија

Туина е древна кинеска метода на лекување, која превенира и лекува заболувања со употреба на мануелни методи односно рачни техники. Потекнува од Кина и е значаен составен дел на традиционалната кинеска медицина (ТКМ). Концептот на човековото тело, како енергетски организам, кој се проучува со векови преку искуствата на практичарите и нивните дела, се развил во систем на алтернативна медицинска теорија. Нејзината историја има корени наназад, повеќе од 4000 години и е богата и сеуште жива традиција.Археолошките испитувања покажале дека во периодот на новата камена доба, околу 2700 г.п.н.е., кинеските предци започнале со прибирање на првите искуства на подрачјето на масажата, кои понатаму во историјата на сите кинески династии се надополнувале и изменувале.

Кинеската култура и филозофија имаат толку многу дадено на човештвото, што едноставно не можеме да го негираме или заборавиме тоа. Како дел од тоа наследство е и ТКМ, каде што како нејзин составен дел припаѓаат:

  • Акупунктурата
  • Акупресурата
  • Туи-на масажата
  • Употребата на вентузи и мокси (cupping therapy and moxibustion) и др.

Основни теории на кои темели ТКМ се:

  • Теорија на ЈИН и ЈАНГ
  • Теорија на ПЕТТЕ ЕЛЕМЕНТИ
  • Теорија за QI - животна или витална енергија
  • Меридијани и меридијански циклус
  • ЈАЗИК и ПУЛС дијагноза

Целта на туи-на масажата е да се подобри протокот на енергија и да се отстранат блокадите во меридијаните, каналите низ кои протекува енергијата. Заради својата ефикасност, комплексност и разновидност е прифатена и омилена источно терапевтска техника во Европа и Америка. Во својата работа ТУИНОЛОГОТ-ТУИНАТЕРАПЕВТОТ, ги употребува само рацете, притоа користејќи ја навистина широката палета на масажни техники и манипулации, со цел подобрување и лекување на одредени здравствени проблеми кај луѓето. Според теоријата на ТКМ, кога во организмот ќе дојде до дисбаланс на ниво на ЈИН-ЈАНГ и QI, протокот на енергија е блокиран и е причина за одредени здравствени тегоби.

Предноста на туи-на масажата е тоа што со своите дијагностички методи овозможува рано одкривање на енергетската нерамнотежа во телото, заради што е ефикасно, превентивно средство. Го штити, поттикнува и подобрува имунскиот систем, ја подобрува циркулацијата, на телото му ја враќа еластичноста и подвижноста и овозможува подобра општа состојба. Има значително добри резултати при функционални пореметувања и повреди на локомоторниот систем (зглобови, тетиви, лигаменти, мускули).

Бидејќи има малку контраиндикации, можеме да ја употребуваме како кај децата и младите, така и кај возрасните лица и оние во поодмината старост. Станува збор за неагресивна техника, која телото лесно ја поднесува и восприема, а нејзините благодетни влијанија се чувствуваат уште долго по третманот.

Тоа е еден цел медицински систем, кој е делумно аналоген на западниот медицински систем. Систем кој е комплексен и чие што влијание на органските системи е докажано. Туи-на масажните техники имаат влијание врз:

 

  • Кожата и подкожното ткиво
  • Сврзното ткиво
  • Скелетниот систем
  • Мускулниот систем
  • Нервниот систем
  • Ендокриниот систем
  • Кардиоваскуларниот систем
  • Лимфниот систем
  • Дишните патишта
  • Дигестивниот тракт
  • Уринарниот тракт

Преку подобрување на протокот на енергијата и крвта, ораганизмот тежнее да се врати во стабилна рамнотежна состојба.

 

Дополнителни информации можете да добиете на телефон или e-mail.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:

ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

ПОСЕТЕТЕ НЕ!

            СЕ РАДУВАМЕ НА СРЕДБИТЕ СО ВАС!

Локација на ординацијата: