35%попуст-ОТКРИЈТЕ ГИ НА ВРЕМЕ БОЛЕСТИТЕ НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

-35%

 
Цена
3000.00 
 2,000.00ден.
Кол:  

Важи до: 28-03-2019

За компанијата:

ИНДУС МЕДИКА

специјалистичка лабораторија за цитологија,микробиологија и биохемија

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш

- Работно време: Понеделник - Петок од 08:00-18:00 часот,сабота од 08:00-16:00 часот

-Задолжително закажете го прегледот по купување на услугата.

-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

Грижата за вашето здравје ве насочува кон вистинскиот пат за рано дијагностицирање на примарни жаришта и рани метастатски промени на гастроинтестиналниот тракт како и  ран скрининг на колоректален карцином со промотивниот новогодишен пакет до 30.01.2019 г.  со 35% попуст.

 Туморски маркери CEA, CA 19-9, AFP  и  FOBT се прават со земање на крв,на гладно.

Најчести симптоми на  заболување се:

Промена на начинот на дефекација, односно појава на диареја или пак опстипација

Чувство на непотполна испразнетост

Присуство на крв во столицата

Потенок измет од вообичанео

Зачестена појава на гасови и надуеност

Губење на телесна тежина без видливи причини

Чувство на замор, гадење и повраќање

Често овие симптоми не се поврзани со појавата на болести на дебелото црево, но доколку се појават повеќе од три од овие симптоми, веднаш треба да се посети доктор со цел да се прегледа пациентот и да се интервенира што побрзо доколку е тоа потребно.

Колку често треба да се прават испитувања на дебелото црево зависи од повеќе фактори како што е возраста, семејната историја на болести, како и личната историја на болести.

Кај пациенти кои имаат веќе некакво заболување на дебелото црево или пак постои фамилијарна историја на ваков тип на заболувања, испитувањата на дебелото црево треба да се прават почесто. Доколку не се открие при рутинско испитување или тестови, болеста на дебелото црево може да се јави на различни начини.

Крвните садови кај заболени  најчесто се покршливи и имаат тенденција да крварат полесно отколку оние здравите крвни садови, па затоа доколку постои болест на дебелото црево, тој ќе предизвика крварење во самото црево. Тогаш оваа крв се појавува во изметот.

Појавата на крв во столицата, не значи секогаш присуство на рак во дебелото црево. Постојат други здравствени состојби кои може да доведат до оваа појава како што е чир , хемароиди, воспаленија, исто така и промена во конзистенцијата на столицата, како што е појава на запек или дијареа, може да биде предизвикана од многу други причини.

Доколку ракот на дебелото црево е доста голем, тогаш најчесто настанува опстипација односно запек. Во ваков случај кај пациентот се јавуваат стомачни болки пропратени со гадење, понекогаш повраќање и неможност за преминување на гасовите и столицата надвор од цревото.