40% попуст испитување за ГРИП (инфлуенца) за само 625 ден.

-40%

 
Цена
1040.00 
 625.00ден.
Кол:  

Важи до: 24-07-2018

За компанијата:

БИОТЕК Лабораторија

Специјалност: Лабораторија

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш

- Работно време:

Понеделник - Петок од 07:30-19:30 часот

Сабота од 8:30-15:00 часот

-Задолжително закажете го прегледот по купување на услугата.

-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

БИOTEK лабораторијата претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени медицински апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.

БИOTEK лабораторија  нуди комплетна клиничка анализа со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво.
Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, a високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент.

БИОТЕК работи во областа на биохемија, имунологија, микробиологија и молекуларна биологија.

 

Што е инфлуенца (Грип)?
Инфлуенца (општопозната како грип) е високо заразна инфекција на респираторниот тракт. Во повеќето случаи предизвикува благи до сериозни заболувања, но во некои случаи предизвикува и смрт.
Има два типа на човечки грип, тип А и тип Б, кои се најчестите причинители на заболувања на респираторниот тракт кај деца и возрасни.
Повеќето луѓе заразени од грип се опоравуваат за една до две недели без медицинска терапија. Меѓутоа, кај високо ризичната популација може да се развијат компликации како пневмонија, бронхитис и инфекција на уво.
Грипот лесно се шири од бацили ,кога заразени киваат или кашлаат, преку физички контакт, или преку допир со заразена површина (кваки од врата, маси...) и потоа допирање на носот или устата.

Најчестите симптоми на грип се:треска (покачена температура/тресење),кашлица и/или надразнето грло,течење од носот/затнат нос ,болки по телото и/или главоболки  ,замор

Кој е под ризик?Иако заболувањето од грип вообичаено не е сериозно,одреден дел од популацијата се под поголем ризик од развивање на компликации:мали деца (6 месеци - 5 год.),повозрасните (над 65 год.),бремени жени,пациенти со хронични заболувања, како срцеви  заболувања, дијабетес и астма, луѓе со нарушен имунитет

Зошто е важно испитувањето за грип?Анализата за грип му помага на вашиот доктор брзо да одреди дали вашето заболување е причинето од вирусот инфлуенца или не.Доколку имате грип, вашиот доктор може да препише соодветна антивирусна терапија која ќе помогне да се сопре вирусот од ширење и ќе го намали периодот на боледување. Грипот го предизвикуваат вируси,а не бактерии така што земањето антибиотици нема да помогне во лекување на грипот.Земањето на атибиотици кога не е потребно го зголемува ризикот од резистенција на бактериите спрема антибиотиците.

Испитувањето се врши преку земање брис од нос.

Резултатите се добиваат истиот ден.

 

Заштитете се вие и вашето дете, вашето семејство, вашите блиски...