ЕНДОНОРМ - ново средство за лекување на болестите на тироидната жлезда по цена од 2 820 ден

-20%

 
Цена
3528.00 
 2,820.00ден.
Кол:  

Важи до: 20-11-2018

За компанијата:

Пантер Факс Олек ДООЕЛ

Специјалност: Веледрогерија 

Напомена:

-При подигање на производот потребно е да се приложи купонот
-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127 и +389 (0) 2 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда во форма на пеперутка која се наога на предниот дел од вратот.  Нејзината нормална функција е неопходна за нормално функционирање на речиси секоја клетка во човековото тело.  Зголемената или намалената функција на тироидната жлезда (хипер или хипотироидизам)  доведува до дисбаланс во работата на мултипли системи и органи и со тоа го отежнува и намалува квалитетот на животот.  Поради присуството на многу симптоми кои асоцираат и на други пореметувања честопати е отежнато поставувањето на точната дијагноза и давањето на потребната терапија.  Во класичната медицина во случај на хипотироидизам или намалена функција на тироидната жлезда најчесто се препишуваат лекови кои претставуваат хормонска надоместителна терапија и истите е потребно да се земаат доживотно. Таквата терапија бара постојан мониторинг  пратен со редовни крвни анализи, ултразвучни прегледи и посети на лекар специјалист.  Во случај на хипертироидизам најчесто се препишуваат тиреостатски лекови со цел да го супримираат зголеменото излачување на тироксинот,a  доколку во одреден временски период не се постигне очекуваното нормализирање на функцијата на жлездата, можно е да се препорача поинванзивна терапија како умртвување на тироидната жлезда со радиоактивен јод или хируршко делумно или целосно отстранување на истата. Сите овие пристапи во современата медицина носат и своевидни ризици како и можност од појава на голем број на несакани ефекти.

Поради тоа во последно време паралелно со зголемената зачестеност на болестите на тироидната жлезда и наглиот пораст  на новодијагностицирани пациенти, се повеќе се зборува  и за алтернативни методи на лекување, од промена во начинот на исхрана и живеење се до употреба на различни природни препарати, како и одредени витамински и минерални додатоци за кои е докажано дека поволно влијаат врз функцијата на тироидната жлезда.  Во морето од информации останува на самиот пациент да размисли и одлучи што е најдобро и најбезбедно за него секако по поставувањето на точната дијагноза и во соработка  со неговиот лекар специјалист.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од ендокрините заболувања, болестите на тироидната жлезда заземаат второ место после дијабетесот. Повеќе од 665 милиони луѓе ширум светот  боледуваат од еутироидна струма (гушавост), или некое друго заболување на тироидната жлезда. Во Русија, заболени од тироидни болести има над 20 милиони луѓе.  Така, според статистичките податоци во некои делови од Русија бројот на заболени достигнува дури до 95%!  Ваквата алармантна состојба ги поттикнала научниците од руската компанија Фитопанацеа да се насочат кон истражување и барање на алтернативен терапевтски пристап кој би го подобрил квалитетот на животот на огромниот број на заболени лица.

Во текот на своите истражувања научниците од Фитопанаце во 2005 пронашле ново, дотогаш неистражено хемиско соединение – АЛБИНИН, и по низа детални хемиски и фармаколошки испитувања на ова соединение, задоволни од добиените резултати решиле да го вклучат во својот производ Ендонорм.

ЕНДОНОРМ е потполно природен, растителен препарат. Главна активна состојка на ЕНДОНОРМ е супстанцата Албинин, која се изолира од екстрактот добиен од коренот на растението бел петопрст (Potentilla alba L.). Производството на препаратот ЕНДОНОРМ се изведува со помош на патентирана, оригинална и уникатна технологија која овозможува одличен квалитет.

 Главни карактеристики на препаратот Ендонорм

Состав и облик :  Тврди желатински капсули од 400 мг, спакувани во шише од полимерен материјал. Достапни пакувања од 60  капсули.

Една капсула Ендонорм содржи:

Сув екстракт од корен на бел петопрст (Potentilla alba)- -------------200mg

Сув екстракт од херба на двозаб (Bidens tripartite)---------------------80mg

Сув екстракт од корен на растението сладок корен (Glycyrhiza glabra)-50mg

 

 За да се постигне максимален терапевтски ефект неопходно е употребата на Ендонорм да се комбинира со посебен режим на исхрана. Потребно е да се ограничи или целосно да се исклучи конзумирање на производи, кои содржат супстанции што ја нарушуваат нормалната функција на тироидната жлезда. Такви производи се : зелка, прокељ, карфиол, брокула, репка, ротква, просо. Се препорачува секојдневна употреба на намирници, кои се богати со селен, цинк и витамин Ц, или земање на витаминско-минерални додатоци во исхраната.

Намирници богати со селен

Морска риба (харинга, ослич, бакалар и др), ракови, шкампи, кокос, лук, пивски квасец.

Намирници богати со цинк

Црвено месо, џигер, срце, кокошкини јајца, семки од тиква, овесни снегулки, легуминозни растенија (грав, грашок, кикиритки)

Намирници богати со витамин Ц

Свежо цедени сокови, плодови од шипка, блага црвена пиперка, рибизла

Предупредувања:

Лицата кои се пречувствителни на некоја состојка од препаратот како и лицата со акутни воспаленија на органите за варење не треба да го користат Ендонорм.

Ендонорм не треба да се користи кај деца, бремени жени и доилки.

Заедничката употреба на Ендонорм со други лекови за болести на тироидната жлезда е дозволена само под надзор на лекар, пожелно да се консултира и специјалист ендокринолог.

Пред употреба на Ендонорм задолжително да се прочита упатството за употреба, за сите дополнителни прашања да се консултира лекар или фармацевт.

 

Терапевтска група

Тиреотропно и гонадотропно средство од растително потекло.

Начин на употреба и дозирање : Препаратот треба да се зема 10 минути пред јадење.

Се препорачува примена кај

Возрасни

Деца постари од 12 години

Минимално времетраење на циклус /Меѓупериод

Хипотиреоза, чвораст облик на струма, автоимун тиреодитис

 

 

1 капсула X3 пати дневно

 

 

1 капсула x 2 пати дневно

 

2 месеци/7 дена

Климактеричен синдром , комплексни хиперпластични болести на женскиот репродуктивен систем(мастопатија,ендометриоза, хиперплазија на ендометриумот), комплексно лекување на метаболен синдром

 

 

3 месеци/7 дена

 

Хипертиреоза(хиперфункција, тиреотоксикоза), Грејвсова болест, ДТЗ  

                     Од 1 do 20 дена

 

2 капсули x 3 пати дневно

2 капсули  x 2пати дневно

 

 

3 месеци/5 дена

                      До крај на циклусот

1 капсула x 3 пати дневно

1 капсула x 1 пат дневно

Профилакса на болести на тироидната жлезда.

1 капсула x 2 пати дневно

1 капсула x 1 пат дневно

1 месец/6 месеци

 

Механизам на дејство

Широкиот спектар на фармаколошки ефекти на овој препарат е последица на севкупното делување на биолошко активните супстанции, кои влегуваат во неговиот состав. Албинин, тритерпенски гликозиди и фенолни соединенија од бел петопрст (Potentilla alba), иридоиди и фенилпропаноиди од корен на двозаб (Bidens triparita), глициризинска киселина од сладок корен (Glycyrrhiza glabra).

Профилакса на болести на тироидната жлезда и комплексен третман на метаболен синдром:

  • Терапевтскиот ефект се постигнува преку обновување на функцијата на тироидната жлезда и зголемување на интензитетот на процесите на размена на материи во ткивата.

Хипотиреоза (1 капсула, 3 пати дневно)

  • Употребата на овој препарат ја зголемува функционалната активност на тироидната жлезда преку активација на пролиферативните процеси во фоликуларните делови и зголемување на брзината на процесите на синтеза на тироидни хормони.

Хипертиреоза и тиреотоксикоза (2 капсули, 3 пати дневно)

  • Употребата на Ендонорм ја намалува функционалната активност на тироидната жчезда во корист на прекин на секрецијата на тироидни хормони во тиреоцитите и сузбивање на периферната конверзија Т4/Т3